Села бара веднаш да се прекине договорот за изградба на нов Клинички центар

од Vladimir Zorba
92 прегледи
Партијата на Зијадин Села -ДР-ДПА реагира на потпишаниот договор за изградбата на новиот клинички центар во Скопје од страна на министерот за здравство, Никола Тодоров.

„ДР-ДПА бара веднаш да биде прекинат овој проект. Овој проект ќе треба да се реализира од идната реформска влада со транспарентност, јавна дебата и во консултација со професионалци од оваа област, но и со други луѓе кои управуваат со здравствениот сектор велат од оваа партија.

Во блиска иднина ќе бараме одговорност за ова голема штета што се врши над буџетот„, велат од ДР-ДПА