
Повеќе од 31 милиони луѓе се раселени во 2016 година поради конфликти и катастрофи. Ова се наведува во извештајот на Меѓународниот центар за набљудување на внатрешното раселување, цитиран од агенциите.
Се очекува бројот на раселените да расте, ако не се најде решенија за климатските промени и политичките конфликти. Околу 7 милиони луѓе, главно од суб-сахарска Африка и Блискиот Исток, се раселени поради конфликти. Ова се наведува во извештајот на центарот, кој е дел од хуманитарната организација Норвешки совет за бегалци.
Други 24 милиони, главно во Азија, поради природни катаклизми бури, поплави и шумски пожари биле принудеи да избегаат во други области на земји . За разлика од бегалците кои бараат засолништа во други земји, внатрешно раселените луѓе остануваат во своите земји и не можат да дојдат до меѓународна заштита.
Поради оваа причина тие често се игнорирани се додека не настане хуманитарна криза, потсети директорот на Меѓународниот центар за набљудување на внатрешното раселување Александра Билак при претставувањето на извештајот.
Во минатата година како последица на конфликти најмногу луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во Демократска Република Конго (922 илјади), проследена од Сирија (824 илјади) и Ирак (659 илјади). Природните катастрофи станаа причина за раселување на трипати повеќе луѓе – само 7 милиони во Кина, околу 6 милиони во Филипините и околу два и пол милиони во Индија.
Александра Билак предупреди дека владите треба да се зафаќаат со причините за раселените и да им посветат поголемо внимание на раселените, бидејќи тие може да одлучат да тргнат кон други земји, ако ситуацијата им се влоши.