Најмалку 12 лица загинаа, а 30 се повредени во автобуска несреќа во Мексико.

Возилото паднало на околу 90 метри од патот во планински регион, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата, во близина на границата со Гватемала, соопштија во неделата властите, цитирани од Ројтерс.
Инцидентот се случил во близина на градот Мотозинтла кога автобусот кој превезувал луѓе од тихоокеанското крајбрежје, излегол од патот и паднал по стрмните падини, објавија во соопштението службите за помош во државата Чиапас.
Патниците доаѓале од блиската општина Ла Тринитарија и најмалку 12 се загинати, се вели во соопштението. Официјални лица соопштија дека 0 лица се повредени. Не е јасно што ја предизвикало несреќата.