Американскиот сенатор Џон Мекејн изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров “немаl работа во Овалниот кабинет “. Ова го изјави тој за телевизијата Fox News, коментирајќи ja неодамнешната средба меѓу Лавров и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

 Руската интервенција во американската политика е измислица, објави Лавров по средбата со Трамп .Според него администрацијата на Трамп е подготвена да склучува договори.

Мекејн go нарекол рускиот дипломат ” марионета на разбојник и убиец ” и ” пропагатори и слуга” на Владимир Путин . Американскиот сенатор go обвини рускиот претседател за околноста дека  ” користел руски прецизни оружја за напади врз болници во Алепо “.

Познатиот со својата акутна антируски позиција сенаторoт  и порано бече упатил слични тешки критики на адреса на Путин. Покрај тоа, тој постојано ја обвинува Русија за тоа дека нејзините воздухопловни сили нанесуваат во Сирија удари по мировна инфраструктура, а не по позиции на терористите.

Исто така Мекејн сака да бидат наметнати нови санкции против Москва заради нејзината интервенција во претседателските избори во САД во корист на Трамп.

Средбата меѓу Лавров, Трамп и амбасадорот на Русија во САД Сергеј Кислок се одржа на 10 мај во Белата куќа. Подоцна американски медиуми објавија дека за време на средбата американскиот претседател му раскажал на Лавров за причините за разрешување на директорот на ФБИ Џејмс Коми.

Според медиумите Трамп го  нарекол Коми “луд” и се пожалил дека бил соочен со силен притисок поради Русија.

Се тврди и дека Трамп открил високо класифицирани информации на Лавров во врскасо  подготвка на терористички напади терористите од ДАЕШ ( “Исламска држава”)