Зошто Путин оди во Париз?

од desk3

 

 

Прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека шефот на државата Владимир Путин планира да се состане со претседателот на Франција Емануел Макрон за да “се запознае со него”. Тоа го пренесе Газета Ру”.

Според него, политичарите ќе разговараат за различни прашања на билатералните односи   Покрај тоа, Песков истакна дека за Путин во  интерес е размена на мислења за најитните прашања на меѓународниот дневен ред.  Тој прецизира дека станува збор за регионалните конфликти, кои се добро познати.  Претходно беше соопштено дека Путин, на покана на претседателот на Франција ќе го посети Париз на 29 мај.

Слични содржини