
Не треба да биде изненадување дека терористичката група “Исламска држава” брзо ја презеде одговорноста за нападот во Манчестер, при што беа убиени 22 лица, пренесува Ројтерс.
Екстремистичката организација ја губи својата последна територија во вториот по големина ирачки град Мосул, поради напредувањето на ирачките сили кои се поддржани од САД. Истовремено нејзината сириска престолнина Ракка е опколена.
При ваква ситуација групата постојано очајно бара признавање за својата легитимност. Нападите против Западот се една од малкуте останати опции.
Каква и да е вистината, терористичката група се соочува со друг, можеби дури и повеќе сериозен проблем. Нејзините напади во Европа може да се ужасни, но тие го покажуваат нејзиното намалено политичко влијание.
“Исламска држава” сака со нејзините манифестации на суровост да доносат поделба, да кренат ѕид меѓу локалното население и неодамнешните муслимански мигранти. Тоа би ја потврдило тезата на групата дека само радикален блискоисточен калифат би можел да се заштитат муслиманите.
Исто така тоа би привлекло нови засилувања во редовите на организацијата, кои ќе учествуваат во регионалните војни и ќе вршат нови напади. Но, изгледа дека тоа не се случува.
Настаните во Европа покажуваат дека “Исламска држава” направи неуспешна мисија за доставување на поделба. Од 2015 година Франција беше најголемата жртва на исламистичките напади спрема другите западни земји, како во однос на фреквенцијата, така и на нивниот интензитет.
За време на изборите, кои се одржаа претходно овој месец, сепак, мнозинството од гласачите ја отфрлија Марин Ле Пен од “Националниот фронт” и нејзината антимуслиманска реторика. Наместо тоа француските државјани го избраа центристот Емануел Макрон.