Велат дека тајната на долговечноста е здравата исхрана, редовната физичка активност, позитивното размислување и љубов, која да дава и добива. Денес ви претставуваме две неверојатни дами кои наскоро ќе наполнат 100 години.
Тоа се Марија Пинјанон Понтиј и Паулина Пинјанто Пандолфи. Тие се Бразилки и се сестри близначки. Подготовките за празникот им е веќе започнат и неверојатните дами веќе снимиле фотосесија. Проектот е дело на фотографката Камила Лима. Таа дознала за нив и одлучила да им направи изненадувачки роденденски подарок.
Вели дека ги смета за убави. И навистина се такви. Насмеани, позитивни, девојки со шарени фустани, кои се забавуваат, со цветни венчиња во косите и љубовна торта.
Еден проект кој нè потсетува да го цениме секој еден момент од својот живот. Во галеријата може да ги видите уште сликите на Марија и Паулина.