Личниот авион на “кралот на рокенролот” Елвис Присли (1935-1977) ќе биде изложен на аукција во САД, соопшти аукциската куќа GWS Auctions на својот сајт.
Авионот “Локхид џетстар” од 1962 припаѓал на Елвис Присли и неговиот татко Вернон. Повеќе од 35 години тој е во приватна сопственост, неговата вредност се проценува меѓу два и три и пол милиони долари.
Дизајнот на машината е специјално создаден за музичарот. Ентериерот има дрвени орнаменти, црвени кадифени фотелји и дебел тепих. Авионот има сочуван општ изглед, но со сменети мотори.
Според аукциската куќа, идниот сопственик ќе може да користи придобивка за посети и така да добива сериозни приходи. Аукцијата, на која ќе биде предложен авионот, ќе се одржи на 27 мај.