Сегашноста дечко на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо – Георгина Родригез, почнува да собира плодовите на врската. Досега таа беше продавачка во бутик во Мадрид, но веќе ќе се појавува како модел.
Таа потпиша договор со водечката модна агенција, а очекувањата се нејзините обврски да растат.
Георгина загуби две работи досега поради врската со Роналдо и премногу интерес на папараците кон неа.
“Постојано доаѓаа луѓе во продавницата, кои сакаа само да се сликаат со неа. Немаше како да се работи”, раскажа запознаен со последното нејзино разрешување.
Георгина сепак не остана долго невработена и веќе тргнува по стапките на поранешната на фудбалерот – Ирина Шејк. Сега нејзин работодавец е шпанската модна агенција Uno Models, која е една од водечките не само во Шпанија.