(ГАЛЕРИЈА) Викторијас Сикрет ја претстави новата колекција долна облека со модели на плажа

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Едни од најубавите жени снимија уште една фотосесија по долна облека, овој пат кадрите се прилагодени на морската сезона.

Моделите од Victoria’s Secret се насочија кон плажа за кампањата долна облека за пролет-лето 2017.

Ангелите позираат на плажа во бели колекции на долна облека, нагласувајќи ги водечките трендови за сезоната. Чипката, акценти од сатен и најбрилијантните детали се задолжителни за градникот и гаќите.

М оделите Сара Сампајо, Стела Максвел, Тејлор Хил, Лаис Рибеиро, Жозефина Скривер, Роми Стриџ, Елза Хоск и Јасмин Тукс земаат учество во провокативните кадри.

Убавините позираат во различни фустани по телото, а сонцето ги огрева совршените форми на нивните тела.

Истражете ги најсексапилните кадри на моделите во нашата галерија.