Кејти Пери е категорична дека сексот по пристигнувањето на 30 – те е неверојатен и никогаш не бил подобар, пишува”Контакт мјузик”.
Говорејќи пред своите фанови на концерт во Лондон, таа рече “Ако сеуште не сте имале неверојатен секс почекајте да наполните 30”. Не можам да кажам за вас 40-годишните но сигурна сум дека со времето “станува се поубаво и поинтимнo”, додаде пејачката.
Кејти рече дека нејзината нова песна “Бон апетит” е создадена поради обновената проценка за галење во кревет. Во меѓувреме убавицата изјави дека нејзиниот нов албум Witness, ќе излезе на 9 јуни а со него е предвидена и турнеја.
Во план е последниот концерт од турнејата да биде на 5 февруари во Ванкувер. Пери ќе учествува и на фестивалот во Глосбери, следниот месец. На твитер Пери има 98 милиони следбеници, најмногу од кој било друг.