
Пентагон официјално му довери на Boeing проект за експериментална хиперзвученв воздушен вселенски авион XS-1. Создавањето на неговиот прототип е предвидено за 2019 година, соопштува воено-аналитичкото издание Defense News.
Станува збор за дрон, кој ќе може да лета во ниските орбитиу со брзина 5-10 пати поголема од онаа на звукот, и од таму да води разузнавање или да нанесува удари по противникот, бидејќи е неранлив на средствата за воздушно-вселенска одбрана .
Според Агенцијата за врвни одбранбени истражувачки проекти на Министерството за одбрана на САД (DARPA) XS-1 тоа не е традиционален авион или обична ракета, туку комбинација од двете, за да се намалат за десет пати трошоците за стартовите. Ова го објаснува раководителот на програмата во DARPA Џејмс Спонејбл. Компанијата Boeing претпоставува да го заврши моделот и да го тестира леталото во 2019 година
Летовите при брзини од М-5 до М-10 ќе се на височина од 25 до 150 километри. “Хиперзвучниот дрон ќе може да помине 1500 км. за помалку од 10 минути. Тоа значително ќе ја забрза кацијата за погодување на објектите на веројатниот противник и ќе се минимизира можностат за противракетнитеа комплекси да го урнат”, објаснува шефот на научно-истражувачките активности на ВВС на САД генерал Џефри Захариј.
Тој додаде дека освен хиперзвучните дронове, Пентагон планира за 10 години направи проектили кои ќе летаат со брзина М-5. Хиперзвучните ракети ќе погодуваат објектит на противникот со боеви глави со кинетичко стегање. Односно тие нема да се со конвенционални експлозиви или нуклеарни, а ќе ја погодуваат целта исклучиво со кинетичка енергија на директното погодок. Најважната предност на хиперзвучнотооружје според американските воени е дека најверојатен противник ќе има само неколку секунди да тргне целта и да отвори оган врз неа, но во повеќето случаи тоа нема да биде можно, забележува Defense News.