Џафери се сретна со косовскиот амбасадор Хиса

од Vladimir Zorba
105 прегледи

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со косовскиот амбасадор Илбер Хиса на која станало збор за актуелните политички ситуации во Македонија и во Косово и за потребата за соработка меѓу двете земји.

Амбасадорот Хиса, како што стои во соопштението, му ја честитал новата функција на претседателот на Собранието Џафери и уште еднаш потврдила дека Косово ќе продолжи и понатаму да и дава институционална поддршка на Република Македонија.

– Претседателот Џафери, му се заблагодари на амбасадорот Хиса, за неговата посета изразувајќи задоволство и подготвеност за натамошно продлабочување на заемната соработка. Двајцата соговорници истакнаа дека пријателските односи меѓу двете соседни земји имаат позитивно влијание и се значајни фактори за економскиот развој и стабилноста во регионот, се наведува во соопштението.