Лилјана Поповска влегува во Собрание, еве ги и останатите 5 нови пратеници

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Откако шестмина од избраните пратеници од СДСМ ќе влезат во новата влада, се отвора простор за шестмина следни на листите да влезат како пратеници во Собранието.

Една од новите пратенички ќе биде претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, која на изборите беше на 11-тото место на пратеничката листа во ИЕ1 на СДСМ и коалицијата освои 10 пратенички мандати. Од оваа изборна единица Дамјан Манчевски влегува во владата како министер за информатичко општество за администрација, а Рената Десковска како минситер за образование и наука, што остава простор за влез во парламентот на следните на листата, а тоа се Лилјана Поповска од ДОМ и Никица Корубин од ЛДП.

 Од ИЕ2, Оливер Спасовски ќе влезе во владата како министер за внатрешни работи, што остава простор за влез на деветиот на листата – Мирослав Јовановиќ.

Во владата од ИЕ3 ќе влезе Љупчо Николовски, како министер за земјоделство, по што во владата ќе влезе Славица Шуманска – Митева.

Носителот на ИЕ4, Зоран Заев, ќе стане нов премиер, со што Сашко Атанасов станува пратеник, како следен на листата.

Носителката на ИЕ5, Радмила Шекеринска, ќе стане нова министерка за одбрана, по што во Собранието како пратеник ќе влезе следната на листата, Бети Рабаџиевска – Наумовска