Владата на Заев најавува- прв чекор укинување на екстерното!

од Vladimir Zorba
121 прегледи
 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во обвинителството за организиран криминал и корупција бил повикан да даде исказ во врска со кривичната пријава која СДСМ ја поднесе против четворица функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои истовремено биле министри во техничката влада и пратеници, пишува Телевизија 24.

Заев очекува до среда навечер ќе биде изгласана новата влада и рече дека прво на дневен ред ќе биде укинување на екстерното тестирање.

Мандатарот рече дека се подготвени околу 30 закони од повеќе области кои ќе бидат приоритет на новата влада.

.