Ким Џонг-ун лично ја раководи ракетна програма на Северна Кореја, соопштува Ројтерс. На овој начин, лидерот на последниот комунистички режим во светот се надева да се израмни технолошкото заостанување на неговата татковина.
Поради оваа причина Ким Џонг-ун лично раководи со последните започнати проби на проектилите. Лидерот на Северна Кореја дури наредил на експертите да развијат што е можно помоќно стратешко оружје како одговор на “американската воена провокација”.
Во понеделникот Пјонгјанг истрела ракета со среден дострел од одделението Скад. Таа паднала во економската морска зона на Јапонија.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави од своја страна дека Токио заедно со САД ќе преземат конкретни дејства во врска со лансирањето на ракети од Пјонгјанг.