(ФОТО)Само за најхрабрите: базен на 42-от кат има стаклено дно, на пливачите им дава фасцинантен поглед на улицата

од desk3
94 прегледи

Луксузна станбена зграда во Тексас има базен – палуба со стаклено дно. Ова на  пливачите им дава прекрасен поглед на прометна улица, но надолу за 152 метри, пренесува Daily Mail.

Тие го нарекоа “Базенот на небото”, и се наоѓа на 42-от кат на една кула.

Дното е направено  од 20 см дебел плексиглас.

Многу од набљудувачите рекле дека  во него нема да се капат, а еден корисник на социјалните мрежи напишал дека не е тип на човек кој се грижи за забава во стилот”живеење на раб”.

Постојат се разбира, оние кои што сакаат вакви  работи, така што една од забелешките на социјалните мрежи е  дека овој базен е најдобрата идеја што некогаш се појавила.

За оние кои не сакаат да ризикуваат и да пливаат на ова “високо прозирно ниво”  постои друг базен на терасата на четвртиот кат, се заклучува за Daily Mail.