(ГАЛЕРИЈА) Палатата Кенсингтон – последниот дом на принцезата Дијана

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Не може да одиш до Лондон и да не ги видиш кралските палати и паркови. Една од најголемите туристички атракции е лондонската резиденција на кралското семејство – дворецот Кенсингон. Тој е нивна сопственост од 17-тиот век. 
Палатата е изградена во 1605 година од страна на Сер Џорџ. Во 1619 година зградата е купена од првиот гроф на Нотингем и е наречена Нотингем Хаус, од 1689 година станува сопственост на кралот Вилијам III и кралицата Мери II.

Велат дека дворецот Кенсингтон е тажно место за дамите кои го населуваат. Така на пример кралицата Ен забременила седумнаесет пати додека живеела таму, но нејзините наследници не доживеале да седнат на престолот. Кралицата Каролајн починала по осмата бременост.

Принцеза Маргарет и Дијана исто биле прилично несреќни во времето во кое живееле во палатата.

Како изгледа таа, разгледајте во галеријата.