До 2100 година во градовите потопло за опасни 8 степени. Бегајте од нив

од desk3
66 прегледи

 

 

 

Глобалното затоплување може да ги  разбуди древните смртоносни вируси. Истражувањето објавено во списанието Nature, покажува дека намалувањето на зеленилото во градовите придонесува за зголемување на температурите во нив и соодветно – зајакнување на глобалното затоплување.

Под влијание на глобалното затоплување и феноменот “градски топлотни острови” просечните температури во големите градови може да се зголемат со 7-8 степени до 2100 година, покажува истражувањето, цитирано од БГНЕС. Овие прогнози се базираат на континуираното зголемување на емисиите на стакленички гасови.

 

Околу 5 степени од ова зголемување на температурите ќе се должи на глобалното затоплување, а останатите – единствено на намалувањето на зеленилото во градовите за сметка на бетонот и асфалтот. Ова дополнително зголемување на температурите во градовите води до зголемување на трошоците за енергија за ладење на зградите до ризици од санитарна карактер до повеќе загаден воздух, до понизок квалитет на водата и не на последно место – до намалување на продуктивноста на трудот .

Научниците ја пресметале и цената на овие негативни промени. Просечно засегнатиот град меѓу испитаните 1692 градови на глобално ниво ќе губат помеѓу 1.4 и 1.7% од БДП годишно до 2050 година и меѓу 2.3 и 5.6% од БДП до 2100 година. За најсилно погодените градови овие загуби можат да достигнат до 10,9% од БДП до 2100 година.