
По одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ заедницата треба да се реформира, а не да стане заложник на тековни проблеми.
Ова мислење го изрази полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски на завршната прес-конференција, дадена по средбата во полскиот град Сопот на министрите за надворешни работи на 12 земји, претставници на Вишеградската група (Полска, Словачка, Чешка и Унгарија), балтичките држави и Северна Европа.
“Сметаме дека ЕУ не смее да биде заложник на Брегзит, на миграциската криза. Таа треба да се реформира”, изјави Вашчиковски и потсети дека Полска има концептот на таква реформа.
“Треба повторно да се утврди улогата на европските институции, на Еврокомисијата, Советот на ЕУ, односите меѓу Европскиот парламент и националните парламенти, рече полскиот прв дипломат. Тој рече дека на средбата било разговарано и за безбедносните прашања со оглед на ситуацијата во Украина .
“Нашите 12 земји сакаат да живеат во безбедно, стабилно опкружување и да развиваат конструктивни, мирни односи со соседите”, додаде Вашчиковски.
“Живееме во свет во Европа, каде што пред нас има многу предизвици: нашиот сосед на исток – Русија – станува непредвидлив, проблем продолжува да е и миграцијата”, рече норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренда, кој беше еден од двајцата домаќини на форумот заедно со полскиот колега. За жал, го гледаме само врвот на ледениот брег, додаде тој.
Предизвици ќе има се повеќе и ни претстојат во наредните години, рече норвешкиот дипломат. ЕУ треба да направи нешто, така што земјите од заедницата да не доживејат војни и конфликти.
Идејата на Европа е да има соработка во различни форми и тоа е најдоброто осигурување за нас, рече Бренда, цитиран од Полската агенција за печат (ПАП)