Умре Јоши Ока, првата Јапонка која јави за нападот на Хирошима

од desk3
108 прегледи

Yoshie Oka, е првата личнот која ја објави веста надвор од Хирошима, дека тој јапонски град е нападнат со атомска бомба. Почина во 86 година, јавија јапонските медиуми.

Ока имаше 14 години кога на 6 август 1945 година во Хирошима работела како комуникациски оператор во подземниот команден центар на Царската јапонска војска.

Откако паднала бомбата, таа ја контактирала втората воена единица во градот Фукујама источо од Хирошима, јавиле локланите медиуми меѓу кои и радијскиот емитер  NHK.

– Хирошима е речиси уништена. Нападнати сме со нов тип на бомба, рекла таа тогаш.

Локалните медиуми јавија дека починала од малигнен лимфом на 19 мај во болницата во Хирошима по многу години зборувајќиим на студентите од градот за своето искуство во текот на бобардирањето и за неговите последици. 

Таа беше чесна личност која работите ги нареккуваше со висинско име , рече  Fumio Kajiya, исто така преживеана од атомскиот напад која работела со Ока, прераскажувајќи го нападот.

-Изгубивме еден голем сведок, изјвила за   Kajiya za AFP.

Американскиот бомбардер B-29 Enola Gay го исфрли свјот смртоносен терет, наречен “Мало момче ” над градот во  8,15 часот по локално време.
.
Тоа го означи и првото користење на атомското оружје кое на крајот однесе преку  140.000 животи.

Некои веднаш починаа, додека останатите подлегнаа на повредите или на болести од зрачењето по недели, месеци и години после нападот.

Во мај минатата година американскиот претседател Барак Обама, направи историска посета на Хирошима, станувајќи прв амрикански актуелен челник кој тоаго направил.

Во пресрет на неговата посета, Ока изјавила како сака “тој да  види како невините граѓани страдале” .