Властите во Авсралија ги поништуваат пасошите на педофилите

од desk3
118 прегледи

Властите во Австралија планираат да ги забранат прекуокеанските патувања на лицата кои биле осудувани за педофилија. Целта на оваа забрана би била да се заштитат загрозените деца во  југоисочна Азија од експлоатација, изјави министерката за надворешни работи   Džuli Bišop.

Таа рече дека пасошите на 20.000 oсудувани педофили ќе бидат поништени кога ќе биде усвоен предлог законот кој наскоро ќе биде представен пред парламентот.

Министерката за надворешни работи рече дека минатата година преку океанот патувале над 800 регистрирани педофили, од кој половината од нив во земјите на југоисточна Азија. пренесува АП.

– Постои се поголема оправдана загриженост порди сексуалната експлоатација на децата, изјави Бишоп.

Австралиските педофили поминуваат ефтини годишни одмори во земјите во југоисточна Азија и Пацификот, каде ги злоставуваат децата.