Социолози ветуваат крах за Тереза ​​Меј на изборите

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Конзервативната партија на британскиот премиер Тереза ​​Меј може да го загуби мнозинството на парламентарните избори на 8 јуни.

Тоа  го покажува социолошкото истражување на компанијата “Ју Гав” за британскиот весник “Тајмс”. За разлика од претходните прогнози дека ториевците ќе го зголемат мнозинството, последното истражување спроведено на територијата на сите изборни единици, покажува дека тие може да загубат 20 од сегашните 330 мандати. Опозициската Лабуристичка партија може да освои околу 30 места, се вели  уште студијата. Така конзервативците ќе останат со 16 мандати помалку од потребните 326 за да управуваат без поддршка на други партии.