
„Основна одлика на СДС се интригите, манипулациите и деструкцијата. Tоа го докажаа од осамостојувањето на Република Македонија до денес. ВМРО-ДПМНЕ 11 години додека беше на власт реализираше илјадници проекти кои значеа подобри стандарди за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ остави цврсто трасиран пат кон ЕУ и кон НАТО, здрава економија, со добра основа за раст и развој, пат кој оваа некадарна гарнитура на СДС тешко ќе може да го следи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.