Нашата држава не е рангирана меѓу првите 100 мирни држави во светот. Падот на мирот ги прави земјите поподложни на популистички политички движења. Во 93 држави ситуацијата е подобрена, додека во 68 се регистрира спротивна тренд. Македонија е токму во оваа група.
Нашата држава е рангирана на 102 место на Светскиот индекс на мирот за 2017 година на лондонскиот Институт за екномија и мир. Ова место и припадна на Македонија од вкупно 163 држави. Основни фактори во истражувањето се милитаризација, општество и безбедност, како и внатрешни и меѓународни конфликти.
Меѓу 20-те најдобри мирни држави во светот се: Исланд, Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Чешка, Словенија, Канада, Швајцарија, Ирска, Јапонија, Австралија, Бутан, Норвешка, Унгарија, Германија, Финска, Шведска, Белгија и Холандија.
После најдобрата група од 20 држави доаѓаат државите како што се Романија која е на 25-тото место, Бугарија на 28 место, Велика Британија е на 41-то; Франција на 51-то, Србија на 56-то; Грција на 73-тото место, а Македонија на 102-то. САД се на 114-то место, Северна Кореја го зазема 150-то, а Русија -151-то. На дното се Сирија, Авганистан, Ирак, Јужен Судан, Јемен, Сомалија, Либија, Судан, цар, Украина и други.
Светскиот индекс на мирот за 2017 покажува дека светот станал помирен во изминатата година, но во последната деценија значително е нестабилен. Во последните три децении се забележува опаѓање на милитаризација, но економските последици од насилството се огромни. Трошоците за мировни сили се под оптималните нивоа. Падот на мирот ги прави земјите поподложни на популистички политички движења. Во 93 држави ситуацијата е подобрена, додека во 68 се регистрира спротивна тренд.