До крајот на векот во Шпанија и Португалија може да има 15-годишни суши

од Vladimir Zorba
91 прегледи

До крајот на векот во Шпанија и Португалија може да има големи суши кои ќе траа долги години, пишува The Independent.

Ако најлошите предвидувања се обистинат, сушите во реонот можат да траат до 15 години, во кои количината на дождовите ќе биде помалку од половина од вообичаеното ниво.

Истражувачите од Универзитетот во Њукасл користеле 15 различни климатски модели на водечките научни институции, вклучувајќи ги НАСА и Институтот за метеорологија “Макс Планк”.

Тие откриле дека иако моделите покажуваат различни резултати, “големите идни суши” се во прогнозите на оние модели кои точно го симулираат она што се случило во минатото.

Од 1940 година во Португалија имало осум големи суши, како најсилна е онаа од 2004г до 2006 година

Во Шпанија имало три значителни суши, а последната беше помеѓу 1990 и 1995 година и го погоди поголемиот дел од земјата, а дождовите се намалија за 30%.
Претходната студија покажува дека делови од Јужна Европа можат да се претворат во пустина до 2100 година, бидејќи глобалното затоплување го менува екосистемот “на еден невиден начин” за последните 10 илјади години.