Поддршка за Димитров од Хрватска и Словенија

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Првата средба со дипломати новиот министер за надворешни работи Никола Димитров ја имаше вчера, на разговорот со амбасадорите на Хрватска и Словенија, Данијела Баришиќ и д-р Милан Јазбец, соопшти МНР.

На средбата во МНР, Во својство на коорганизатори, амбасадорите Јазбец и Баришиќ му врачиле на министерот Димитров покана за учество на Министерскиот состанок што ќе се одржи утре на маргините на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“, во Брдо, Словенија.

Амбасадорите му го честитале стапувањето на функцијата на Димитров и му посакале успеси, притоа нагласувајќи дека ќе ја има нивната конструктивна поддршка во остварувањето на евроатлантските и европските цели како врвни надворешно-политичките приоритети на Република Македонија.