Германските медиуми со критики и навреди за Трамп

од Vladimir Zorba
108 прегледи

 

Планот на претседателот на САД Доналд Трамп да се повлече од Парискиот договор за климатските промени наиде на остри критики и навреди во германските медиуми, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Локалниот берлински весник „Берлинер куриер“ отиде најдалеку во пораките кон трамп со ноќешната насловна страница на таблоидот на која на американскиот претседател му се упатуваат погрдни зборови.

„Земјата до Трамп – е.и се“, стои на насловната на која се прикажани слики од планетата земја и американскиот претседател.

Предходно во март весникот кој е познат по својата директност објави текст за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кој тој се нарекува „Фирер“ и се прогласува за најлудиот светски лидер