Во наредните недели од ледениот гребен “Ларсен Со” на Антарктикот ќе се отцепи санта мраз со површина околу 50 квадратни километри, објави ББС. Уште од 2004 година, научниците велат дека покачувањето на светските температури може да доведе до распаѓање на делови од Антарктиткот во следната деценија.

Полица претставува дебела пловечка платформа од мраз која се формира кога глечер ќе дојде до брегот и продолжува да расте врз водената површина. Во 2016 година беа објавени првите фотографии кои покажаа пукнатина во близина на работ на полица – долга 110 километри, широка 91 метри широка и длабока 500 метри.
До декември 2016 година таа се прошири со уште 21 километри, додека не останаа само 20 километри меѓу неа и водата. Според проф. Адриен Лакман од Универзитетот во Свонси, пукнатината за првпат е толку блиску кон океанот, на 13 километри од него. Тоа значи дека во наредните недели и сигурно пред крајот на годината ќе имаме нова санта мраз, една од најголемите во историјата.
Добрата вест е дека тоа нема да влијае сериозно врз повеќето луѓе – кога сантата мраз ќе тргне кон север, патници во регионот најверојатно ќе треба да внимаваат. Но отцепувањето на толку големо парче мраз е показателе дека веројатноста Антарктикот да продолжи да се распаѓа е голема. “Ларсен Со” е четвртиот по големина полица опфатен со седмиот континент.
Ако влезе во океанот, таа ќе се стопи, и според пресметките, тоа ќе го дигне нивото на светскиот океан со 10 см – што е многу. Научниците предупредуваат дека во следните децении најверојатно ќе има отцепување на бројни парчиња на мраз како на Антарктикот, така и на Арктикот.