Aрета Френклин со нов албум во јануари

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Маестралната џез пејачка Арета Френклин откри за списанието “Билборд”, дека се надева оти во јануари ќе биде подготвен последниот албум. Тој ќе вклучува колаборации со Стиви Вондер, Елтон Џон и Лајонел Ричи. Сè уште не е јасен точниот број на парчиња, бидејќи музичката икона сè уште се двоуми дали да се вкупно 10 или 11.

Пред неколку месеци Френклин објави дека се повлекува и овој албум ќе биде последниот нејзин музички проект.

Сега, сепак 75-годишната “Кралицата на соул” призна дека би се радувала ако се покаже во можност да направи и една проштална турнеја – било да е тоа дури и со само два датуми.

Во својата кариера Френклин освои 18 награди “Греми и е призната за главна фигура во соул, џез и госпел музиката.