
ФБИ ја истражува декемвриската средбаа меѓу Џаред Кашнер и директорот на “Внешеконбанк” Сергеј Горков, миленик на претседателот на Русија Владимир Путин, коментира Гардиан.
Кога за прв пат се појави информација дека Џаред Кашнер, зет на претседателот на САД, Доналд Трамп, се сретнал со Сергеј Горков, директор на една од најголемите руски државни инвестициски банки – “Внешеконбанк”, по претседателските избори, тоа не беше повод за истрага од страна на ФБИ за можни тајни договори со Русија.
Но оваа недела стана јасно дека од ФБИ внимателно го следат декемвриски состанок со енигматичниот банкар, дипломиран на академијата на разузнавачката служба на Русија.
Белата куќа и “Внешеконбанк” ја коментираа поинаку средбата Кашнер – Горков. Вашингтон соопшти дека Кашнер се сретнал со Горков и други странски претставници како вработен, за да “помогне при целите на надворешната политика на претседателот”.