Постојаната претставничка на САД во ОН Ники Хејли изјави дека санкциите против Русија нема да бидат ублажени.

“Притисокот против Русија нема да биде ослабен додека таа не ја преземе одговорноста за исполнувањето на својот дел од договореното од Минск.” – изјави Хејли во интервју за CNN.

Темата беше погодена во врска со откритието дека претседателот Доналд Трамп во првите денови од мандатот се обидел да изврши притисок на Стејт департментот за ревизија на санкциите .

На прашање за интервенција на Москва во претседателските избори Хејли одговара: “Ние сме апсолутно сигурни дека Русија се вмеша во изборите .”

Според неа, конгресот го истражува случајот и треба да се вложат сите можни напори за да може во најскоро време фактите да бидат објавени пред јавноста.