„Жената-чудо“ освои над 100 милиони од гледачите во САД и Канада

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Суперхероината од “Жената-чудо”, со оригинален наслов Wonder Woman, ја помина симболичната бариера од 100 милиони долари во северноамериканските филмски благајни. Ова го покажуваат конечни податоци од “Егзибитор рилејшнс” (Exhibitor Relations), објавени во неделата.

“Жената-чудо” е фантазија со режисерот Пети Џенкинс, а сценариото е на Алан Хајнбер и Џеф Џонс. Ова е четврт филм во “Проширениот универзум на Ди-Си”. Тој собра 100,5 милиони од првиот викенд во кината на Канада и САД. Во улога на принцезата Амазон Дијана е Гал Гадот – израелската актерка и модел, позната досега со улогите на Жизел Јашар од серијалот “Брзи и бесни”.

Суперпродукцијата на “Ворнер Брос” (Warner Bros) раскажува за жената која лета на помош на сојузниците во Првата светска војна. Заедно со неа играат и Крис Пејн како капетан Стив Тревор и Робин Рајт како жената генерал Антиопа.

Уште еден нов филм излегува со уште еден суперхерој кој не беше толку очекуван, но го освои второто место во монетарната листа. Тоа е анимацијата “Капетан гаќи” (Captain Underpants) на Дејвид Сорен и со американската ѕвезда  Кевин Харт прибира 23,5 милиони долари со излегувањето на екранот.

Петтиот филм од “Пиратите од Карибите” – “Одмаздата на Саласар”, кој беше на чело на благајните минатата недела падна за две места надолу и заврши трет во својата втора недела на големиот екран. Повторно со Џони Деп чело, филмот собра уште 21,6 милиони од петок до недела и веќе ги има астрономските 1,14 милијарди долари од гледачите низ целиот свет. Следуваат “чувар на Галаксијата 2” со 9,7 милиони и 355,4 милиони за пет недели.