
50-годишната холивудска актерка Хали Бери се појави на добротворен бал во Лос Анџелес во фустан кој ги нагласува нејзините заоблени форми.

Ѕвездата ги стави рацете на стомакот и како и обично тоа го прават бремените жени. Фановитер веднаш коментираа на мрежата дека Хали Бери е најверојатно минимум во четвртиот месец од бременоста. Ситуацијата на актерката доведе повеќето луѓе во недоумица – нели до неодамна витката убавица посетуваше забави и при тоа таа секогаш се појавуваше сама.

Таа се раздели со својот сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез пред две години. Оттогаш холивудската актерка се радуваше на вниманието на претставниците на машкиот пол, но во интервјуата истакнуваше дека нема односи со никого.

Американската актерка веќе има две деца од претходните бракови.
“Јас сум исто така во шок од бременоста, бидејќи не ја очекував. Не верував дека некогаш ќе забременам повторно, уште повеќе заради возраста”, рече Хали Бери имолчи на прашањата за својот таинствен партнер.
