Германија ги повлекува своите војници од турската база Индџирлик и ќе ги пренасочува кон Јордан. Меѓу Анкара и Берлин постојат сепак и други разлики.

Пред година и половина во воздухопловната база Индџирлик се распоредени војници од германскиот Бундесвер. Очигледно нивната мисија завршува. Околу присуството на Бундесвер во Турција секогаш имало спорови. Сега германските војници ќе бидат преместени во Јордан. Министерката за одбрана Урсула фон дер Лаиен сака тоа да се случи што е можно побрзо. “Аеродромот Ал Азраг во Јордан е алтернатива на Индџирлик”, изјави таа и додаде дека федералната влада ќе “разговараат за преместувањето и ќе донесат одлука”. Пред неколку недели, Урсула фон дер Лаиен лично направи увид на Јорданскиот аеродром.

Од владини кругови се слуша дека конечната одлука се уште не е донесена, бидејќи деталите се посложени отколку што се претпоставувало. Првично министерот за надворешни работи Зигмар Габриел ја информира Владата за последната неуспешноа посета на Анкара. Таму тој за последен пат се обиде да издејствува од турската влада да дозвола редовни посети на германските пратеници на базата Инджирлик. И не успеа бидејќи Габриел и Чашуоглу не се разбраа.
Зигмар Габриел речиси со олеснување рече дека повлекувањето на Бундесвер од Турција може да биде и добра работа. Сега има шанса “да се здружиме во други сфери, во кои имаме заеднички интереси”, изјави тој. Сепак неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу го уверил дека спорот нема да се пренесе и врз НАТО воената база во Коња, каде што исто така служат германски војници. Таму тие ја вршат мисија на НАТО, а не на Бундесвер, рекол Чавушоглу. Во моментов, тоа дури може да се толкува како успех во длабоко разнишаните германско-турски односи. Во 2015 година Германија ги повлече ракетите “Патриот” во Турција
Зошто пратениците треба да одат во Инджирлик?
Подобро ужасен крај отколку ужас без крај, утврди и федералната влада. Кажано со други зборови: ако Бундесвер остане во Инджирлик, ќе остане и вечниот спор со турскиот пртседател Реџеп Таип Ердоган. Турската страна неколку пати го одбива доаѓањео на германските пратеници во базата. Турската власт е лута од резолуцијата на Бундестагот за геноцидот над Ерменците, но и за тоа дека Германија дала азил на турски офицери обвинети како симпатизери на Гулен. За Германија, сепак овие посети на пратеници не се само формалност. Бундесвер е парламентарна армија. Неговите мисии во странство се одобруваат од Бундестагот. И посетите на пратеници кај војниците во странство се токму оваа двонасочна врска. Многумина експерти за прашањата на одбраната до последен момент инсистираа Бундесвер да остане во Индџирлик. Бидејќи сите се согласуваат дека Германците можат да имаат подобро мисијата на турска територија, отколку во Јордан.
Да не заборавиме Дениз Јуџел
Од почетокот на 2016 година Бундесвер ја помага со разузнавачки авиони и авиони-танкери меѓународната коалција во борбата против исламскиот тероризам во Ирак и Сирија. Тоа значи дека нема потреба од нов мандат за преселба во Јордан. Затоа не треба Буднестагот да се состане повторно, но може да излезе со решение за ова прашање. Меѓу парламентарните партии владее консензус за повлекувањето од Индџирлик. Опозицијата дури ја критикуваше владата дека долго се двоуми, за носењето на оваа одлука. Владата од своја страна сака сега да посвети внимание на другите тензии меѓу Германија и Турција. Пред сè – на судбината на германско – турскиот новинар Денис Јуџел, кој со месеци лежи во затвор без обвинение.