Пиварницата „Гинис“ е најпопуларната атракција во Ирска

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Пиварницата “Гинис” е призната за најпопуларната туристичка атракција во Ирска за 2016 година. Ова го вели традиционалниот годишен извештај на Национален комитет за туризам – Failte Ireland (Добредојдовте во Ирска). Светски познатиот музеј на пивото “Гинис” во Даблин е посетен од рекордни 1,6 милиони луѓе, што е за 10% повеќе отколку во 2015 година. На второ место на листата е природна знаменитост – Карпите на мохер лоцирани на атлантското крајбрежје на островот, во округот Клер.

Сценските карпи, високи околу 120 метри, се посетени од 1,4 милиони туристи. По нив следи Даблинската зоолошка (1,1 милиони.).