Предлогот на Бачев за амнестија на учесниците во настаните од 27 април пристигна во Собрание

од desk2
93 прегледи

Во Собранието пристигна и Предлог ­ закон за Амнестија на граѓаните учесници во настаните од 27 април 2017 година по скратена постапка, поднесена од Народното движење на Македонија на Јанко Бачев.


Со Законот се предлага учесниците во насилствата во Собранието да бидат ослободени од кривично гонење.
„Очекуваме законот да биде прифатен од пратенциите, очекуваме од нив и нивните лидери да покажат државнички капацитет и силно лидерство со кое ќе го израдуваат народот и ќе дојде до надминување на поделеноста меѓу граѓаните и партиите. Доколку повеќе, граѓаните во собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Ова добива на тежина ако се знае дека на своевиден начин е потврдено при давањето на мандатот, бидејќи претседателот Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки со што и претседателот ја потврди општествената опасност. Со законот се бара целосно ослободување од кривичен погон и запирање на постапките. Сметаме дека условите се созреани во целокупниот политички систем, имаме конституирање на законодавниот дом, доделување на мандатот за состав на Влада и нејзиното очекувано изгласување во Собранието како и несправедливоста и апсурдноста да се гонат лицата кои влегоа во Собранието на 27 април со силна верба во одбраната на уставниот поредок“ – изјави Бачев кога го поднесуваше предлогот до Собранието