[РЕЦЕПТ] Свински ребра со глазура од мед и компири

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

Состојки:
500 г свински ребра
500 г компири
2 лажици маслиново масло
1-2 лажици мед
сол
црн пипер
оригано
2 лажици Дижон сенф
Подготовка:
Во сад измешајте ги сенфот, зачините, медот. Добро промешајте додека се измешаат состојките. Извалкајте ги ребрата во овој сос додека не се залепи добро за нив. Излупете ги и исечете на големи тркалца компирите. Зачинете со сол и бибер. Наредете ги на дното на тава за печење. Посипете ги со маслиновото масло. Врз нив подредете ги ребрата. Печете во загреана на 150-160 степени печка за околу час и половина.