Меркел е број еден

од desk3
80 прегледи

Германците застанаа цврсто зад Ангела Меркел: канцеларката и нејзината партија имаат највисок степен на популарност од бегалската криза наваму. Кои се причините за покачувањето на популарноста на Меркел?

До каде погледот ти стигнува – секаде  кризи. Блискиот Исток се тресе, под раководство на Ердоган Турција тргнал кон автократија, а во САД претседателот Трамп секојдневно ги поткопува заедничките вредности на западниот свет. Покрај се ова, Германците  се задоволни от тоа дека си ја имаат Ангела Меркел. Во последната анкета на Институтот “Инфратест-Димап” канцеларката доби највисока популарност од почетокот на бегалската криза наваму. Ајде да се потсетиме дека кога во 2015 година во Германија пристигнаа речиси 900 000 азиланти, довербата кон Меркел нагло падна – токму заради нејзиниот позитивен однос кон овие луѓе.

Ако изборите беа денес

Денес сепак 64 проценти од Германците повторно се задоволни од работата на Ангела Меркел. Таа се покажува како допадлив политичар во земјата. Ова го покажува репрезентативни анкетата спроведена оваа недела.

Ако изборите за Бундестагот беа денес, а не на 24 септември, ХДЗ ќе победеше – и тоа главно благодарение на Меркел. За демохристијаните би гласале 38 проценти од избирачите, а за социјалдемократите на Мартин Шулц – само 24 отсто. Нагло расте поддршката за либералната Слободна демократска партија, која на минатите избори не успеа да влезе во Бундестагот, а сега веќе се стекна со 10-процентна поддршка.

Двете опозициски партии во сегашниот парламент, Левите и Зелените, добиваат соодветно 8 и 7 проценти доверба и треба доста да се поиспотат, за да привлечат повеќе гласачи. Во времиња на голема меѓународна несигурност луѓето претпочитаат да и веруваат на избраната влада, поради што на опозицијата не и е воопшто лесно.

 Уште еден доказ дека Германците ја сакаат Меркел

Наивен е секој кој не сфатил: победата на ХДЗ во најбројната германска покраина се должи во голема мера на Меркел. Во овие неизвесни времиња Германците очигледно во неа го гледаат единствениот сигурен играч.

Деснопопулистката партија “Алтернатива за Германија”, која агитира за радикална промена во политиката за странците, доби 9%. Ова ќе и обезбеди влез во Бундестагот, но поддршката за неа е доста слаба во споредба со поддршка за слични партии во други земји – пример за Националниот фронт во Франција.

Драматично се развиваат настаните околу Мартин Шулц, поранешниот претседател на Европарламентот, кој во почетокот на годината беше избран со 100 проценти гласови од делегатите за лидер на социјалдемократите и нивен кандидат за канцелар. Во неделите потоа социјалдемократите нагло тргнаа нагоре, десетици илјади се запишаа во партијата, а Мартин Шулц во одреден момент дури водеше пред Ангела Меркел. Потоа, сепак Шулц некако исчезна од сцената и од телевизискиот екран, а Меркел си го врати вниманието на луѓето со неколку силни меѓународни настапи. Во моментов 36% од Германците го одобруваат Шулц, а неговата партија заостанува со цели 14 поени од демохристијаните.

Поради Трамп

И уште еден показател од резултатите на  оваа анкета: во Германија авторитетот на САД се срушил катастрофално. Во моментов само 5% од луѓето веруваат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. И едвај 21 отсто од анкетираните сметаат дека може да се има доверба во САД. А во последните децении токму САД беа најважниот сојузник на Германија. Парадоксално, но факт: овие резултати покажуваат дека довербата кон САД е на исто ниво како довербата кон Русија. Сосема друг е односот кон Франција: цели 94 проценти од Германците имаат доверба во соседната земја, најмногу откако Емануел Макрон беше избран за претседател.