Велшанец тврди дека одгледал толку лута пиперка што може да убие

од desk2
89 прегледи

Велшкиот фармер Мајк Смит тврди дека створил пиперче толку луто што може да убие. Прикладно ја нарекол Змеев здив.

Пиперчето има 2,5 милиони единици од Сковиловата скала на лутина. Тоа е доволно, вели Смит за Daily Post, за кај некои луѓе да предизвика анафилактички шок и смрт.

Своето пиперче го пријавил во Гинисовата книга на рекорди и чека одговор дали тоа ќе стане официјално најлутото пиперче на светот.

Смит го одгледал пиперчето во соработка со универзитетот на Северен Велс во рамки на истражувањето за алтернативни методи на анестезија. Пациентот може на пример, да втрие масло од пиперче на кожата и да ја умртви.

Според постојниот рекорд во Гинисовата книга на рекорди, најлута пиперка е Каролина Рипер, која мери 1,57 милиони единици на Сколиевата скала на лутина. Се работи за скала која го означува нивото на капсицин, вид алкалоид кој го содржат пиперките. Кога капсицинот же дојде во допир со рецепторите во телото, најчесто јазикот, нервниот систем го интерпретира како жарење или печење.