Граѓаните на Украина, сп новите биометриски пасоши, сега можат слободно да  патувања до 90 дена со цел туризам, посета на роднини или пријатели, како за деловни цели. Новиот режим сеуште не им дава право на работа на територијата на заедницата.

Падот на визите е дел од целокупниот процес на приближување кон ЕУ.

  Во неделата Врховната Рада го усвои законот за внесување на измени во законодавниот акт за надворешната политика на Украина. Во законот се нагласува дека основните национални приоритети се интеграцијата на Украина во европското политичко, економско и правно семејство со цел пристапување кон ЕУ, како и членството во НАТО.
Првиот ден на безвизниот режим беше пречекан со бурна радост од Украинците во интернет.

Агенција “Униан” сумираше реакциите со фразата “Збогум нема Москво”, изречена од претседателот Петро Порошенко – парафраза на популарен стих на рускиот поет Михаил Лермонтов, цитиран во социјалните мрежи: “Збогум, нема Русијо, земја на робови и господари”.