
Од студиото “Amazon” информираат дека се стекнати правата на сценарио за филм, кој ќе го прераскажува животот на Моника Левински, објави “Холивуд репортер. Продукцијата вели филмот ќе го носи името “Линда и Моника”.
Таа ќе се фокусира на односите меѓу Моника Левински и Линда Трип. Левински се најде во центарот на вниманието по откритието за нејзина афера со американскиот претседател Бил Клинтон.
Во средината на 90-тите Левински беше стажантка во Белата куќа. Нејзината пријателка Линда трип ги сними нејзините разговори со Клинтон и го продлабочи скандалот. Трип и до денес тврди дека ги направила снимките од патриотски побуди.