Претседателот на САД Доналд Трамп посети свадбена церемонија во неговиот голф клуб во Бедминстер. Иако во промотивните брошури на клубот е наведена можноста да се сретне лидерот на земјата, посетата на Трамп беше апсолутно неочекувана за младоженците и гостите на свдадбата, кои му беа целосно непознати.
“Средбата беше многу кратка, раскажа еден од пријателите на младоженецот и невестата. – Тој покажа со рацете на сите. Присутните беа целосно изненадени, станаа од столовите и дојдоа да се сликаат со него. Претседателот ја прегрна невестата беше пресреќен. Никој не знаеше дека тоа ќе случи “, додава сведокот на необичната случка. 
Според информациите на весникот The Hill, за пет минути претседателот на САД успеал да танцува со невестата, да одржи краток говор и да си направи фотографии со гостите.