(ВИДЕО) Авион се урна за време на авиошоу во Франција, има повредени

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Британски борбен авион од времето на Втората светска војна Spitfire се преврте при обид за полетување за време на авиошоу во Франција.

Според информациите на порталот Airlive.net парче од пропелерот погодила една млада девојка. Ранет е и пилотот на авионот. Информации за нивната состојба не се соопштени. Спасители укажале прва медицинска помош на настраданите. За среќа, при ударот со земјата авионот не се запалил.