Бензинот поевтинува за еден и пол денар, дизелот за 2,5 денари

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика најави поевтинување на горивата, а новите пониски цени ќе важат од полноќ.

Според одлуката за цените на горивата објавена на веб-страницата на комисијата, цената на „еуросупер-95“ и на „еуросупер-98“ се намалува за еден и пол денар, па еден литар од овие горива ќе чини 62,5 денари, односно 64,5 денари. Цената на „еуродизел“, пак, се намалува за 2,5 денари и еден литар дизел-гориво ќе чини 48 денари.

Следната одлука за цените на горивата Регулаторната комисија за енергетика ќе ја донесе по две седмици./МЕТА

Слични содржини