Министерот за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдуларахман Ал Тани изјави дека нема да има никаква расправа за медиумската мрежа „Ал Џезира“ во преговорите со државите кои наметнаа санкции на Катар.

Се наведува дека државите кои стојат зад санкциите на Катар – Саудиска Арабија и сојузниците, меѓу кои и Обедиинетите Арапски Емирати, Бахреин и Ехипет, бараат затворање на „Ал Џезира“, медиумската мрежа која се најде на мета поради критичкото известување за Блискиот Исток.
Шеикот Ал Тани на прес-конференција во париз рече дека не знае зошто блокот предводен од Саудиска Арабија го блокирал Катар.
„Не се работи за Иран или „Ал Џезира“, вели тој. „Немаме појма кои се вистинските причини… Катар е подготвен да седне и да разговара за што било што е врзано за безбедноста на земјите од заливот“.
Додава дека неговата држава нема да прифати дикатат од странци.
„Доха отфрла расправа за што и да е врзано за „Ал Џезира“, затоа што тоа го смета за внатрешно прашање“, вели Ал тани, а пренесува катарската новинска агенција. „Одлуките поврзани за катарските внатрешни прашања се дел од суверенитетот на земјата и никој не може тука да се меша“, додава тој.
По кризата која изби минатата недела, Саудиска Арабија ја затвори редакцијата на „Ал Џезира“ и ги укина лиценците за работи, обвинувајжи ја таа мрежа дека промовира терористички групи во регионот.
Египет ја избрка „Ал Џезира“ од земјата и ја заплени опремата во претставништвото во Каиро.
Владата на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси со месеци ги држеше во затвор новинарите на „Ал Џезира“. Продуцентот Махмуд Хусеин во египетски затвор е веќе 175 дена.
Организацијата Репортери без граници го осуди притисокот врз „Ал Џезира“.
Редакцијата пак ги осуди мерките кои Саудиска Арабија ги наметна и ја повика владата на таа змеја да ја почитува слободата на медиумите и да им дозволи на новинарите да ја работат својата работа, без застрашување и закани.
Во текст објавен минатата недела во Хиндустан тајмс, поранешниот online уредник на „Ал Џезира“ Рубен Банерџи напиша: „Гушењето на гласот на „Ал Џезира“, која се гордее со тоа што е глас на оние кои го немаат, ќе биде злосторство“.