
Оваа недела Мишел Барние, кој ќе ја претставува Европската комисија при преговорите за Брекзит, рече: “Не можеме да преговараме самите со себе”. Тој, сепак, не е единствениот меѓу Европејците, кои имаат желба за започнување на преговарачкиот процес, пренесува Voice of America.
“Ние ја чекаме Велика Британија да седне на преговарачката маса и да посочи што сака”, истакна заменик-претседателот на Европскиот парламент Мејријд Макгинес. “Часовникот отчукува кон Брекзит. Случувањата се неред, но нередот не е во ЕУ “, истакна Макгинес.
Следната недела Велика Британија треба да ги започне официјалните преговори за заминувањето на блокот, но се уште не е одреден точниот датум.
Истовремено, премиерот Тереза Меј се обидува да формира влада на малцинство и да ја обезбеди поддршката на северноирските унионисти за да обезбеди малку работно мнозинство.
Во следните неколку дена или сосема веројатно недели, Британците ќе преговараат меѓусебно за тоа што сакаат. Веќе поминаа околу три месеци откако Меј го активира член 50 од Лисабонскиот договор, објавувајќи намерата на Британија да излезе од Унијата.
Според член 50 Велика Британија има две години да постигне договор за финансиските прашања и за условите за излез од блокот или да ја напушти ЕУ без договор.
Ова ќе се подразбира царина за стоките извезени од Велика Британија кон ЕУ, кој е најголемиот трговски партнер на Лондон.
Веќе Брегзитот не е само за тоа што сакаат граѓаните, а е и за тоа што е можно.