Во изминатиот април Том Стoкар кој постојано патува по работа, стана најчестестиот патувач во светот, со направени речиси 30 милиони воздушни километри за 14 години. Тоа е доста време поминато во воздухот.
Покрај мноштвото филмови кои ги изгледал и храната и пијалаците кои ги изконсумирал за време на летовите, тој има собрано и доста зрачење. Таа е еквивалентно на околу 1000 рентгенски снимки на гради. Кои сепак се ризиците за здравјето кои тоа ги крие?
Може да претпоставиме дека радијациската доза на оние кои најчесто патуваат, доаѓа од контролните пунктови на аеродромот со нивните скенери за тело и рендгенски машини за багаж, но тоа не е така. Дозите на зрачење на патниците од овие процедури за безбедност се незначителни.
Главниот извор на радијација кај воздушниот транспорт доаѓа од самиот лет. Тоа е така, бидејќи на голема надморска височина воздушниот слој станува потенок. Колку повисоко се креваме, толку помалку молекули гас има за волумен простор.
Еден потенок слој воздух значи помалку молекули кои ги отстапуваат “дојдовните” космичките зраци – емитувањето од надворешниот простор. При помала атмосферска заштита односно има и повеќе изложеност на радијација.
Најтешка е ситуацијата кај астронаутите кои патуваат целосно надвор атмосферата на Земјата, без да ја имаат оваа заштита од зрачењето. Затоа кај нив количеството зрачење е најголемо.
Премногу долгиот престој во вселената крие ризик од катаракта, рак и потенцијални срцеви заболувања, кога астронаутите ќе се вратат на Земјата.