Дер Стандард: Берлин планира да ги следи извештаите за четовите

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Сојузниот министер за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер (ХДС) работи на создавање на нов закон за борба против тероризмот. Предлогот на социјалдемократите за набљудување на децата министерот ги дефинира како премногу, но меѓу неговите планови фигурира и следење на комуникации, разменети меѓу корисници во четови, коментира австрискиот весник Der Standard.

“Веќе долго време сме принудени да живееме со заканата од тероризмот”, изјави пред неколку дена германскиот демохристијанин. Тој и министрите за внатрешни работи на 16-те федерални покраини на Германија уште еднаш се сретнаа за да дискутираат за нови алатки за спротивставување на тероризмот.

Диксусиите кои се одржуваат во Дрезден, продолжуваат и во среда.
Томас де Мезиер уште еднаш истакна дека од случајот со нападот врз традиционалниот Божиќен базар во Берлин треба да бидат извлечени соодветните поуки. Министерот вети дека во иднина ќе се работи за подобра соработка меѓу органите на прогонот на одделните германски покраини.