Повеќе од 190 американски законодавци демократи покренаа тужба против претседателот на САД Доналд Трамп под обвинение за кршење на основниот закон на земјата.
Случајот е покренат во Вашингтон. Во барањето се наведува дека по преземањето на функцијата Трамп продолжува да добива пари преку фирмите од влади на други држави иго крши уставот. Тужителите истакнуваат дека републиканецот Трамп гја задржал сопственоста врз компаниите и за да се избегне конфликт на интереси, го префрлил управувањето на трустови, предводени од неговите синови. Претходно аналогно на тоа тужба поднесоа обвинителите на Мериленд и федерален округ Колумбија. Слично барање се разгледува од суд во Њујорк, во кој тужителот е јавна организација “Граѓани за одговорност и етика во Вашингтон” (Citizens for Responsibility and Ethics in Washington, CREW), која ги обединува правниците и експерти за професионална етика. Во меѓувреме неодобрувањето на претседателот Трамп ја достигна својата највисока точка од 60 проценти, покажува анкетата на социолошката агенција Gallup International. Одобрение за Трамп изразуваат само 36% од испитаниците. Трамп е првиот претседател кој во првите четири и пол месеци на функцијата предизвикал толку висок раст на неодобрување. / ТАСС